Познатиот актер Џорџ Клуни долго време важеше за „вечен ерген“ и тврдеше дека не го интересираат бракот и децата, а потоа ја запозна адвокатката Амал Аламудин и се се промени, пренесува нова.рс.
Тие се венчаа во Венеција во 2014 година, а во јуни 2017 година ги добија близнаците Александар и Ела.
Актерот еднаш откри како тој и Амал се запознале.
„Се сретнавме на езерото Комо. Таа беше пријателка на пријател кој дојде да ме посети. Во следните месеци ја бркав, и се јавив и пишав и направив се за да ја освојам“, изјави актерот во шоуто на Дејвид Летерман.
„Од првата минута кога се запознавме, и двајцата знаевме дека ќе бидеме заедно“, призна Клуни.
Шест месеци подоцна, Џорџ клекнал пред Амал и ја замолил да се омажи за него.
Иако предлогот го планирал неколку месеци, вели дека се тргнало наопаку.
„Го замислив секој детал. Имав прстен, пуштав музика… Се беше испланирано, траеше околу 25 минути. На крајот буквално и реков: ‘Слушај, се надевам дека се согласуваш, ми треба одговор, имам 52 години и ако продолжам да клечам ќе го изгубам колкот’. Тогаш таа рече да, и се помина прилично добро“, го сподели своето искуство Клуни.
Во една прилика Амал одржа јавен говор во кој му се обрати на својот сопруг и нагласи колку тој и значи.
„Го запознав Џорџ кога имав 35 години. Почна да се крие во мојот стан во Лондон и многу брзо стана јасно дека што и да се случи, никогаш не би сакала да бидам со некој друг. Не можев да спијам кога бевме разделени и ми рекоа дека покажувам посебна насмевка и ја наведнувам главата кога ги читам неговите пораки или писма што ќе ги сокриеше во мојата чанта“, започна таа со трогателен говор.
„Пет години подоцна, ништо не се промени. Тој е личност на која целосно му се восхитувам и исто така личност чија насмевка ме тера да се топам секој пат. Љубов моја, она што го најдов во тебе е големата љубов за која отсекогаш се надевав дека постои, а тоа што те гледам со нашите деца, Ела и Александар, е најголемата радост во мојот живот. Многу сум горда на тебе, љубов моја. И, исто така, знам дека кога нашите деца ќе осознаат, не само што си направил, туку и кој си – тие исто така ќе бидат многу горди на тебе“, заклучи расплакана таа, додека Џорџ гледаше од публиката и ги задржуваше солзите.