Актерот Винсент Касел, поранешниот сопруг на Моника Белучи, неодамна повторно се разведе. Винсент зад себе ја остави двојно помладата жена, Тина Кунаки, модел со која има дете, пренесува мондо.рс.
Само неколку месеци откако беше откриено дека нивната врска се распадна, Винсент беше фатен со нова убавица!
Касел веќе некое време е во врска со манекенката Нари Баптисти (27), темна убавица со бразилско потекло. Гласините за нивната врска ги потврдија со флертување на социјалните мрежи и серија стории на Инстаграм кои покажуваат како се заедно во Рио Де Жанеиро, а медиумите ги уловија на заеднички настан.
Нари неодамна објави неколку селфи на Инстаграм со натпис „твоја“, а Касел одговори „твој“.
Медиумите пишуваат дека Нара е „плукната“ Тина Кунаки, а до разводот меѓу Винсент и Тина дошло затоа што актерот ја изневерувал исто како што ја изневеруваше својата прва сопруга Моника Белучи.