Уште еден случај фрла сенка на работата на битлската болница, а тоа е смртта на 24-годишното момче.
Која е причината за да згасне овој млад живот, со свое мислење се огласи и д-р Нико Беќаровски.
Во својот пост на Фејсбук докторот вели:
– Според изнесените оскудни податоци за клиничката слика, лабораториските, компјутерските испитувања и првичниот обдукциски наод, смртта на 24 годишното момче во Битола, мене лично ми личи на акутен фулминантен облик на #ЛЕУКЕМИЈА. Во тој случај навистина нема лекарска грешка.
Секоја друга етиологија, заслужува дискусија и опсервација, вели д-р Бечаровски и додава:
-Бидете максимално транспарентни и искрени во информирањето, за да се врати комплетно изгубената доверба во битолската болница и целото здравство. Тоа е минимумот кој го заслужуваат граѓаните, но уште повеќе совесните, стручните и чесните здравствени работници, кои неправедно се валкаат во колективната кал. Молба до сите партии да не се политизира оваа трагедија. Најискрено сочуство до фамилијата, напиша д-р Беќаровски.