Министерството за внатрешни работи информира дека утре со почеток во 9:00 часот, поради одржување на синдикален протест, ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје.
-Протестот ќе се одвива со траса на движење од ул.„Мирче Ацев“–ССМ, ул.„Филип Втори Македонски“, десно по ул.„Димитрие Чуповски“ пред Министерство за правда, десно по бул.„ВМРО“ и лево по бул.„Илинден“ пред Влада на Република Северна Македонија, информираат од МВР.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.