Крстовден е голем празник, денот кога светиот крст бил пронајден и ископан на Голгота и денот кога бил вратен од Персија во Ерусалим. Овој празник уште се нарекува и Воздвишение на чесниот крст.
Стар обичај е на овој ден добитокот да се премачка со катран во знакот на крстот за да се заштити од болести.
Во многу региони на овој ден се предвидува времето: Ако на Крстовден е облачно, зимата ќе биде богата со снег, а ако е суво, следната година ќе биде сушна. Ако ластовиците не си заминат до Крстовден, нема да има силна зима. Тивкиот дожд на Крстовден предвидува блага зима. Грмење на Крстовден предвидува плодна година. Ако Крстовден е облачен, зимата ќе биде снежна. Ако е ведро, ќе има суша. Се верува дека луѓето родени на овој ден ја носат сенката на светиот крст на своите слаби рамења и затоа се особено одговорни за своите постапки пред Бога.
Во верскиот календар овој празник е означен со црвена буква и е еден од празниците на кој се почитува строг воден пост.
Се слави дури двапати годишно, на 18 јануари и денес, што говори за неговата сила, а сето тоа во спомен на пронаоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос.
На овој ден семејството се собира околу посната трпеза. Оттука и поговорката: „Кој се крсти со крст, пости на Крстовден“. Бидејќи се верува дека на овој празник треба да се јаде грозје, често после ручекот се засладува со колач од грозје.
Денес треба да се ископа дупка и да се засади овошно дрво за да се разгранат гранките уште повеќе. Се верува дека е најпогоден ден за садење овошје.
Сите знаат дека е пост кој треба да се запази. Босилекот треба да се бере кога е Крстоден наесен. На Босилокот му се припишува божествена моќ уште од древниот Египет. За Римјаните босилекот е знак на љубов и верност.