Готвењето со остатоци од храна е одличен начин за заштеда на пари, но и за намалување на отпадот од храна – што е светски проблем. Сепак, важно е да се знае дека подгревањето јадења од претходните денови носи одредени опасности.
Под готварскиот назив „Синдром на пржен ориз“, на пр., се крие опасноста од труење што настанува кога се подгреваат и јадат суви оброци, со состојки како компири, тестенини и ориз. Овој вид храна може да ја има бактеријата „Bacillus cereus“, којашто станува штетна и отровна кога јадењето се подгрева, па се остава на собна температура предолго, пренесува „Мирор“.
Џон Кунг, професионален готвач од Детроит, САД, има 1,7 милиони следачи на неговиот Тикток-канал, каде што ги споделува своите рецепти и совети за готвење. Тој вели дека секогаш треба да ги имаме опасностите предвид.
– Правилото „40, 140, 4“… Значи дека ако оставите храна подолго на температура меѓу 40 и 140 Фаренхајти (4 до 60 Целзиуови степени, б.п.) – повеќе од четири часа, веќе тоа јадење треба да го избегнувате. Ова е практика којашто им се препорачува и на рестораните за да се одржи безбедноста на храната, вели Кунг.
Прашан – дали храната треба да се олади пред да се стави во фрижидер, Кунг одговори дека денешните фрижидери всушност се способни да се справат и со жешка храна.