Истрагата е темелна а не лов на вештерки што особено многу ме радува. Се работи за сериозен скандал и никако не смееме да дозволиме истрагата околу откривањето на виновниците да се сведе на лов на вештерки, рече денес д-р Милан Ристески, онколог и некогашен директор на Клиниката за онкологија, сега вработен во приватната клиника „Жан Митрев“ во денешното издание на “Стадион“ на Канал 77.
- Она што многу ме радува истрагата е темелна. Нема брзопотезни паушални заклучоци, прави докази се бараат а не лов на вештерки, оти не смееме да дозволиме за ваква пипава тема, лов на вештерки само за да се задоволат нечии политички желби, вели Др. Ристески.
Запрашан дали се сомневал во било што нелегално за време на неговото раководење со клиниката за онкологија, Ристески вели зошто да се сомневам кога можам да знам.
- Секој петок попис беше. Многу е просто, ваша задача како менаџер е да внесете контролни точки. По природа сум човек што никому не верува, верувам само во резултати и докази. Значи ако вашиот менаџмент го сведете на таков тип на контролни точки и тие контролни точки вас ви функционираат, тогаш немате проблем, вели Ристески.
Во однос на несоодветната терапија на онколошко болните како и препишување терапија на лица кои не се онколошки болни, за подоцна препродавање на истата, Ристески истакнува дека за жал сомневањата се основани.
- Тоа тек треба да се утврди и јас мислам дека сомневањата се основани, за жал. Дека таква шема постоела, меѓутоа тоа треба да се докаже. Сето тоа почна после фаќањето на медицинската сестра која што ако моите информации се точни тој ден работела во дневна болница на подготовка на терапија. Тоа значи дека седела пред дигесторот во кој спремала хемотерапија, друг некој ги носел ампулите и она едноставно ја меша таа терапија за повеќе пациенти одеднаш. Значи единствениот заклучок како успеала да изнесе терапија од таму тоа е само ако не ги донесе полните дози онаму каде што треба да ги направи. На тој начин можела да заштеди субдозирајќи ги пациентите за да стави во џеб, објаснува Ристески.
Целосниот разговор за недостатокот на онколошки кадар како и сите промени направени на Онкологија во периодот на неговото раководење до 2017та многу повеќе слушајте во продолжение