Апокалиптично видео прикажува што може да се случи ако објект од вселената удари во Земјата. Но темата не е она на што мислите. Тоа не е астероид со ширина од неколку милји, ниту е комета или метеор, пренесува Н1.
Не, ова е обична игла, како онаа која за користите за шиење на копчиња. Но во ова теориско сценарио, иглата би патувала со брзина на светлината, пишува Н1 Хрватска.
Во традицијата на добри и лоши вести, ајде да почнеме од најлошото можно сценарио да игла удари во Земјата со оваа брзина.
Добро и лошо сценарио
Во најлош случај, енергијата која ја има иглата може да предизвика апокалитична случка на Земјата.
Ова би направило голема дупка во Земјината кора која би предизвикала големо излевање на Земјината обвивка кој ќе биде исфрлен во вселената.
Тоа значи дека животот кој го познаваме ќе изумре поради огромната топлина ослободена од ударот. Но ова ќе стане и полошо, така да можеби енергијата ослободена од ударот би била толку голема да Земјата буквално ќе се распадне под силата на енергијата.
Значи, ова е најлопото можно сценарио, но сето тоа би се случило толку многу брзо да никој не би знаел за тоа. Па во овој случај-затоа што иглата е остра и патува толку брзо-постои шанса да енергијата со текот на времето се ослободи за да значајно влијае на Земјата.
Во ова сценарио, иглата едноставно би влгла во Земјата, а потоа би излегла на другата страна. Ова секако е теориско сценарио, но покажува огромна количина на енергија која ја има нештото кое патува со брзина на светлината, дури и ако станува збор за релативнои мал објект како што е иглата, пренесува Клик.