Актерката Милена Радуловиќ, која прва излезе во јавноста и го обвиниучителот по глума Мирослав Мика Алексиќ за сексуална злоупотреба, вчера сведочеше во Вишиот суд во Белград во постапката против него, пренесува курир.рс.
Милена пред извесно време реши да проговори и да раскаже што доживувала со години додека одела во познатата актерска школа со Мирослав Мика Алексиќ (69). Милена го пријавила Алексиќ во полиција, а во пријавата навела дека наведената актерска школа ја посетувала од својата 11-та година и дека на крајот на 2012 година додека одела на групен час (тогаш била малолетна ), ја бакнал без нејзина согласност.
-Шест години бев во училиштето на Мика Алексиќ кога тој ме силуваше. Имав 17 години. Тоа не се случи еднаш. Се повтори – рече Милена во својата исповед. Мика Алексиќ за прв пат ја силувал на почетокот на ноември 2012 година. Таа имала 17 години, а тој 61.
Милена Радуловиќ во полиција ги кажала сите детали од силувањето.
-До тој момент не мислев дека е воопшто возможно такво нешто. Не го познавав таков и во тој период бев убедена дека сум единствена и сама. Тоа беше шок. Несреќа! Тоа беше второ семејство за мене. Навистина!- рекла Милена.
Таа истакна дека Мика ги третирал ученичките како татко, а еден случај и дал ветар во грб кога е во прашање судската битка со Алексиќ.
-Се срамев од себе. Се мразев во овој период. Тој беше манипулатор кој градеше односи со своите ученици од позиција на татко, неоспорен авторитет. Пред две години се појави девојка родена 2000 година – таа беше во многу лоша состојба. За мене таа стана мотивација да го прекинам сето ова. Но, јас бев заробена – не можев да ги натерам другите девојки да кажат за сето тоа. Тие, вклучително и јас, не веруваа во судот, во бирократијата, мислеа дека сето тоа ќе трае многу години. Освен тоа, се срамевме и не можевме да им кажеме на родителите што се случи – објаснила таа.
-Ме праша „дали имам секс, како се сексам, со кого се сексам“, мислев дека тоа има некаква цел на припрема. На крајот ме бакна 62-годишен маж, а тогаш имав 17. Тој беше четири години помлад маж од дедо ми, навистина одвратно чувство. Ме фати за задниот дел од главата со раката, ме повлече за коса и ми го заби јазикот во устата. Се обидов да го оттурнам со раката, а сето тоа се случи за неколку секунди – рекла таа.
Таа тогаш изјавила дека по бакнежот и наредил „да ги рашири нозете“ и со тупаница ја фатил за вагината, наведувајќи дека „треба да биде како јаболко“, а потоа со прстите продрел во нејзиното тело.
-Бев исплашена и шокирана. Тоа беше чувство на предавство од човек на кој имав доверба, кон кого чувствував почит и стравопочит. Ја изгубив самодовербата, мислев дека ме казнува, се чувствував валкано. И тогаш се случија заканите, дека ако зборувам, тоа ќе влијае на тоа што ќе мислат моите пријатели за мене и дека ќе се згрозам од мојот партнер во тоа време. И кога првпат се спротивставив, тој буквално ме удри и тепаше пред цела група – за прв пат јавно изјави на судењето Милена Радуловиќ и додаде дека се плаши од Алексиќ.
Имав самоубиствени мисли
-Се плашев да излезам од мрежата во која ме вовлече. Имав самоубиствени мисли, мислев дека после се што ми направи мојот живот повеќе не вреди. Се плашев од Мика Алексиќ. Од однос на целосна доверба, тој човек ме повреди како никој никогаш во животот што не ме повредил. Уживаше во болка, плачење, не знаев за што е способен тој човек – изјави актерката која прва собра храброст и јавно проговори за злоставувањето во драмското студио на Алексиќ.
За потсетување, Мирослав Мика Алексиќ беше обвинет за четири кривични дела силување, од кои две тешки и пет кривични дела сексуално вознемирување. Него го обвинија седум девојки, меѓу кои и Милена и актерката Ива Илинчиќ.