На патот Цетиње-Будва, во местото Обзовица, денеска попладне автобус излетал од коловозот, било потврдено на Антена М од ОКЦ на Полициската управа.
Најмалку две лица загинале, чија смрт на лице место ја констатираа екипи на УХМР, информираат од ОКЦ на Полициската управа.
U saobraćajnoj nezgodi, do koje je došlo slijetanjem autobusa sa kolovoza, u kojem je bilo oko 30 putnika, smrtno su stradala najmanja dva lica, čiju su smrt na licu mjesta konstatovale ekipe HMP.
Više putnika je zadobilo lake i teške povrede i njima se ukazuje ljekarska pomoć.
— Uprava policije Crne Gore (@PolicijaCG) September 19, 2023
Неколку патници се здобиле со лесни и тешки телесни повреди и им е укажана лекарска помош“, наведуваат во објава на мрежата Икс од УП.
Станува збор за автобус на фирмата „Паповиќ“ од Никшиќ.
Телевизија Вијести објави дека 17 полесно повредени се префрлени во болницата во Цетиње, а дека засега едно тешко повредено лице е пренесено во Клиничкиот центар во Подгорица.
Вестите пренесуваат дека во автобусот немало деца, а возачот на автобусот бил приведен во полиција.
Како што пишува Вијести, тој се пожалил на тимот лекари кои први се спуштиле на местото на несреќата дека почувствувал силна болка во задниот дел од главата и дека потоа автобусот удрил во банкина на пат кон Обзовица во десната кривина, ја пробил и потоа возилото слетало во провалија.
Растенијата и густите грмушки го запреле автобусот на околу 30 метри под автопатот.