Сопругата на Евгениј Пригожин, водачот на „Вагнер“, кој загина во авионска несреќа, го сменила презимето неполн месец по загубата на сопругот, пренесува рускиот портал „Фонтанка“.
На овој сајт пишува дека сега се вика Љубов Валентиновна Крјажева и дека под тоа име е запишана во службените книги на 15 септември.
Yevgeny Prigozhin's wife, Lyubov Valentinovna Prigozhina owns a successful spa in St. Petersburg as well as several other companies. Russian journalists estimated her annual income in 2020 at 2.5 billion rubles. pic.twitter.com/Ch4yCoOaC0
— Runningwaters06 (@runningwaters06) June 24, 2023
Таа го врати нејзиното моминско презиме. Двајцата имаа две ќерки и еден син.
Евгениј Пригожин загина на 23 август во авионска несреќа во областа Твер во Руската Федерација. Тој бил во авионот во кој загинале вкупно десет лица, меѓу кои и основачот на „Вагнер“, Дмитриј Уткин.