Само во текот на август, во Институтот за јавно здравје, пријавени се 8 случаи на ХИВ/СИДА, од кои 3 лица се странски државјани со привремен престој во Македонија Од пријавените лица, 6 се од машки, а 2 од женски пол.
-Четири лица се од Скопје (вклучително и странските државјани), две лица од Охрид и по едно лице од Гостивар и Струга. Лицата се на возраст од 21-55 години. Шест од регистрираните лица се хетеросексуалци, додека две заболени лица се припадници на МСМ популацијата (маж со маж), пишува во месечниот извештај.
Во текот на месец август не се регистрирани смртни случаи од ХИВ/СИДА. Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 31.08.2023), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2023, изнесува 620, и тоа: 123 лица починале, 497 лица живеат со ХИВ/СИДА.