Воведен како преодна мерка со приемот во Европската унија, од 2007 година па се’ до денеска механизмот за соработка и верификација ги следеше реформите во правосудството и борбата против корупцијата и организираниот криминал во Бугарија и Романија. Мониторингот престанува по цели шеснаесет години, во кои поголемиот дел два пати годишно се подготвуваа оценки и препораки кои потоа се изготвуваа еднаш годишно.
Во 2019 година, ЕК одлучи да престане да издава извештаи за Бугарија поради доволно спроведување на препораките и дотогаш издаде 17 оценки. Во јули годинава комисијата објави дека има намера да го прекине механизмот.
Од 2020 година, ЕК воведе заеднички годишен извештај за состојбата на владеењето на правото во секоја од земјите на ЕУ.
Од минатата година, овие нови извештаи вклучуваат и препораки за следење на спроведувањето на многу од договорените реформи во Бугарија и Романија. Кога е соодветно, напредокот во нив се следи и во рамките на европскиот семестар, забележуваат од комисијата.