Британецот Џемјс Мекдугал се најде на жесток удар на јавноста откако беше откриено дека измамил 15 жени, кои со помош на неговата спрема добиле деца.
Тие всушност, немале поим дека тој има генетски наследна болест која влијае на интелигенцијата на децата. Во прашање е генетска болест која се пренесува од родителот на детето, а болеста постепено се развива и води до понизок коефициент на интелигенција кај децата кои заостануваат во развојот во однос на своите врсници. И покрај тоа, 37-годишниот маж продолжил да ги рекламира „своите услуги“ на социјалните мрежи.
Откако британските медиуми „кренаа прашина“ околу овој случај, се огласи и Џејмс тврдејќи дека не направил ништо лошо.
„Навистина не знам што лошо направив, освен што на тие жени им помогнав да имаат деца. Луѓето зборуваат дека сум бил нечесен, но уверен сум дека вистината ќе излезе на виделина. Многу сум лут и взнемирен поради се што се случи“, се правдал Џејмс пред судот, пренесува Daily Mirror.
Иако тој знаел дека е носител на болеста, решил да ја премолчи оваа важна информација иако законски бил обврзан да ги наведе сите болести кои ги има не само тој, туку и неговите родители.
Според жената која го има посвоено, Џејмс и самиот заостанувал во развојот. Таа изјави дека Џејмс најверојатно не ни сфаќа што направил.
„Тој не ја сфаќа сериозноста на целата ситуација и дека својата болест може да ја пренесе на следните генерации. Тој болеста ја има наследено од својата мајка, а истата ја наследиле и неговите полубраќа и сестра. Доколку сфател колку е тоа опасно, уверена сум дека тој на мајките на своите деца би им кажал за болеста“, изјавила Џун Мекдугал.
Во исто време со обвинувањата на неговата мајка, самиот Џејмс се обратил до Семејниот суд. Имено, иако се откажал од своето татковско право при давањето сперма, сега бара судот да му дозволи да ме контактира со 4 негови деца и да му овозможи да поминува време со нив, што наиде на жестоко противење од мајката на детето.
Неговите барања ги поддржаа неговите посвоители Џун и Џон Мегдугал, кои нагласија дека е вознемирен бидејќи не може да ги види своите деца.
Сепак, судот одлучи да му го ускрати правото да ги гледа децата бидејќи смета дека тоа само ќе предизвика дополнителна штета на децата.
Судот јавно го именуваше Џејмс како несоодветен донатор на сперма за да спречи други жени да ја користат неговата сперма за да имаат деца. Забрането е да се обраќа до судот со какви било барања во следните 3 години, бидејќи тоа би предизвикало дополнителна траума кај мајките на неговите деца.
– Вообичаениот пристап на анонимност во семејните судови не треба да се користи како начин родителите да се однесуваат на неприфатлив начин, а потоа да се кријат зад плаштот на анонимност – рече судијката на Судот на правдата Јустисија Ливен при изрекувањето на пресудата.