Американката Сара Ингала почнала да патува со своето комбе за да може нејзините кучиња Хенри (8) и Пени (7) да ги истражуваат САД.
„Едноставно сакам сѐ да искусам со Хенри и Пени. Да ги одведам на различни места, да запознаат различни луѓе, нека уживаат во секоја минута од животот.Тоа е подобро отколку да седат дома поради пандемијата“, вели Сара во изјава за Инсајдер.
Таа ги регистрира патувањата со видеа кои ги објавува на ТикТок и на Инстаграм, каде може да се забележат двата преслатки француски булдога.
„Моите кучиња стануваат сѐ постари и сакам сѐ да доживеат. Поради тоа со комбето патувам со нив низ разни држави“, стои во описот на едно од видеата на ТикТок. Видеото има повеќе од 60 илјади прегледи и 19 илјади лајкови.
„Пресреќен сум поради нив. Навистина се среќни што те имаат, тие тоа го заслужуваат“, гласи еден од коментарите под видеото.
Пред три ипол години на Сара ѝ бил дијагностициран рак на дојка на триесет и едногодишна возраст. Таа поминала две операции и се лекувала осум месеци. За целото тоа време, Хенри и Пени биле покрај неа.
„Тие ме одржуваа во живот. Ме утешуваа кога се чувствував тажно и тоа не’ зближи многу“, додава Сара.
На првото патување тргнале во август ланската година кога Сара се излечила и купила кампер. Секое патување трае околу два месеца, а Хенри и Пени досега пропатувале низ многу места. Планот е да патуваат до април следната година, а потоа да се вратат вo својот дом во Питсбург. Двете кучиња уживаат на патувањата, вели Сара. Таа го опишува Хенри како куче кои ги обожува луѓето.
„Ужива во пешање и планинарење, особено кога го носам во мојот ранец“, вели Сара додавајќи дека кучетo така може да разгледува наоколу, пa понекогаш се случува и да заспие. Од друга страна, Пени би можела да пешачи со часови.
„Кога ќе ги погледнам, а тие седат негде надвор на сонце, само се сончаат, тоа едноставно ме прави среќна. Никогаш нема да ги напуштам“, вели Сара.
Извор: 24sata.hr