Рано утрово се случи сообраќајна несреќа во северниот дел на Грција, во близина на границата со Македонија. Четири лица ги загубија животите, а повредени е 49 откако се судриле грчки автомобил и автобус со српски туристи – објави новинската агенција МИА.
До несреќата, според информациите на МИА, веројатно дошло при директен судир на двокатниот автобус од Ниш што патувал кон Ставрос во Грција со патнички автомобил што се движел во спротивна насока. Од ударот автобусот со околу 80 српски туристи излетал од патот, тројца од четворицата патници во автомобилот загиниле, додека пак подоцна и четвртиот, кој бил пренесен во болница им подлегнал на повредите
Веројатно станува збор за грчки државјани. По директниот судир налетало и второ возило со српски регистарски таблици кое удрило во првиот автомобил.
Во него биле мајка и дете, кои не се повредени.
Од туристичкиот автобус, 49 патници се пренесени во три болници.