Непосредно пред распишување на референдумот во таа 1991 година, се појавија два големи проблеми, првиор беше поврзан со измените во Уставот кој доведоа до ускратување на правата на Албанците во Македонија, поради што тие можеше да не излезат да гласаат на референдум, а вториот проблем беше поврзан со оној дел од македонските граѓани кои беа под влијание на Милошевиќ и кои се залагаа за останување во федерацијата, рече денес Благој Ханџиски, професор и член на првиот состав на Парламентот во интервјуто во емисијата Стадион, потсетувајчи се на случувањата во таа 1991 година.
- Кога во 1990 година беше направена анкета во која се прашуваа граѓаните како ја гледаат Македонија во иднина, скоро 71% се изјаснија за модерна федерална членка во состав на Југославија, скоро 14% се изјаснија за конфедерална единица, над 8% се изјаснија за целосно независна Македонија а над 7% беа нерешителни. Односот меѓу двете основни можни варијанти беше 70-30, раскажува Ханџиски за годината пред клучниот референдум.
Во целост интерјуто со професорот Благој Ханџиски проследете го во најновото издание на “ Стадион “