Актерот Пирс Броснан (70) сподели нова фотографија со сопругата Кили Шеј Смит (50). Брачната двојка позирала прегрнати во ресторан, а се облекле во сини комбинации, пренесува индекс.хр.
„Праќаме љубов на сите“, напиша тој во описот на објавата.
„Оваа слика ме прави среќен“, „Најдраг пар“, „Вие двајца сте ретки“, „Слатки сте“, „Изгледате одлично“, „И ние ви испраќаме љубов“, напишале неговите следбеници, а еден обожавател со коментар дојде во центарот на вниманието и го потврди мислењето на многумина ширум светот.
-Вие сте пример за сите луѓе на овој свет. Убаво е како ја сакаш својата жена, како ја покажуваш својата љубов кон целиот свет. Вашата сопруга е сакана и благодарение на таа љубов таа е се поубава. Ја направивте кралица! Господ да ве благослови – напиша следбеникот.
Кајли Шеј и Пирс се во брак 22 години и ја имаат една од најубавите љубовни приказни во светот на славните. Тие се запознале во 1994 година во едно кафуле во Мексико, а актерот тогаш минувал низ тежок период. Неговата прва сопруга Касандра Харис, со која беше во брак 11 години, почина три години претходно од рак на јајниците.
-Ја обожавам секоја облина на нејзиното тело. Таа е најубавата жена во моите очи. И затоа што таа е мајка на нашите деца. Во минатото навистина ја сакав таква каква што е, не само поради нејзината убавина, туку сега ја сакам уште повеќе затоа што е мајка на моите деца. Многу сум горд на неа и секогаш се трудам да бидам достоен за нејзината љубов – изјавил актерот.
Актерот со Касандра го има синот Шон, а ги посвоил и нејзиниот син Кристофер и ќерката Шарлот. Броснан често нагласувал колку Кајли му помогнала да помине низ тежок период и го спасила од депресија, а нагласил колку му помогнала кога неговата ќерка Шарлот починала од рак на јајниците во 2013 година на 42 години, исто како и нејзината мајка.Касандра .