Пејачката Снежана Мишковиќ Викторија на полето на кариерата постигна бројни успеси, но во својот приватен живот таа патеше. Освен што во музиката доживеа неверојатен успех, на приватен план доживеа повеќе трагедии.
Викторија била мажена два пати. Во 1982 година таа се омажила за момче кое го познавала десетина дена, па нивниот брак бргу се претворил во пекол. По отпочнувањето на војната во Југославија, почнале и проблемите во нивниот брак.
По повеќе од една деценија тие одлучиле да се разведат, по што прекинале секаков контакт. Дури на крајот од 2011 година пејачката дознала дека нејзиниот прв сопруг починал од глад и студ. Поради дрога тој изгубил сѐ и станал бездомник, а неговото тело е пронајдено на улицата каде што просел.
„Помеѓу жената и дрогата, тој ја одбра дрогата. Ден денес не знам каде е. Еднаш ми јавија дека е мртов, јас плачев, а тој не се ни јавуваше, се криеше поради долгови. Кога видов дека нема назад, се разведовме. Тоа беше во 1993 година и од тогаш изгубивме секако контакт“, изјави Викторија во една прилика.
По разводот од првиот маж, таа ја побара среќата покрај избраникот со кого живееше во вонбрачна заедница. Со него ја добија ќерката Тара, но и оваа љубов немаше среќен крај па следуваше борба за старателство.
„Таа растеше сама со мене. Заврши средно училиште, тогаш го истуркавме сето тоа. Тогаш јас не можев ниту да работа, но таа не сакаше да биде кај татко ѝ ниту еден ден. Тој не ѝ честиташе ни роденден. Ѝ рече – додека не ја пратам мајка ти во лудница нема да застанам. Јас не земам ниту алиментација, но нема врска. Само се молам тие двајца да се спојат“, раскажа пејачката пред неколку години додека беше дел од едно реално шоу.
„Дури на 33 години за првпат видов хероин, оваа дрога ја користеа музичарите со кои ја снимав плочата. Видов дека тие луѓе не функционираат без тоа. Јас во однос на тоа прашање бев необразована, не знаев ништо за тоа. Немав идеја дека земањето дрога може да доведе до таква ситуација во која човек би починал од обично воспаление на белите дробови, од грип, да пропаѓа целиот организам, да страдаат коските. Гледав како еден пријател си го извади својот заб со прсти. Хероин пробав од незнаење и љубопитност. Откако заврши едно снимање, земав хероин и веднаш потоа се чувствував како да имам грип. Колегите ми рекоа дека тоа е почеток на кризата. Избегав на море и веќе никогаш не го погледнав тоа со свои очи“, раскажа таа неодамна.
Викторија дури сега го откри трауматичното искуство кое го имала кога го изгубила детето, за што никогаш досега не зборуваше.
„Некаде околу 11 часот одам во тоалет и тогаш се случи нешто неверојатно. Го исфрлив плодот“, се присети Викторија на трагичниот настан кој го доживеала во деведесеттите години, ден по големиот концерт кој тогаш го одржала во Скопје.