Јелена Карлеуша неодамна ја разголи душата за еден домашен медиум за нејзиниот приватен живот, како и за бракот со фудбалерот Душко Тошиќ, кого го нарече животна грешка, пренесува мондо.рс.
Пејачката предизвика лавина реакции со изјави за врската со фудбалерот, а сега стигна и одговорот на Душко! Тој на социјалната мрежа Инстаграм се огласи со цитат од Иво Андриќ, набргу по објавувањето на зборовите на пејачката.
-Мизерен е оној што треба да понижи некого за да се издигне“, се вели во објавата на поранешниот фудбалер.
Еве како Јелена проговори за Душко:
„Ако мислите на Душко, тој со сите сили се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже за каква животна грешка се работи, а ако мислите на линчот што го доживувам одвреме-навреме од јавноста, гледам на тоа како на голема мотивација и инает. Затоа постои песната „Минута“ на крајот во која им благодарам на сите! Се што набројав ме направи толку силна“, изјави Карлеуша за Стори.