Познатиот водител Огњен Амиџиќ и неговата девојка Мина Наумовиќ ќе станат родители.
Огњен и Мина ја дознале радосната вест пред еден месец, како што пишува Блиц, а пренесува Курир.
Но, тогаш оваа информација ја споделуваа само со своите најблиски роднини, а сега стигна и до медиумите.
Малку подоцна Телеграф објави дека убавата новинарка е бремена во третиот месец, а родителите се уште не планирале да ја откријат веста.
Според тоа – се очекува бебето да пристигне на светот следната година.
Тоа ќе биде второ дете на Огњен, а на Мина прво дете.
-Огњен и Мина се пресреќни откако ја дознаа добрата вест, а информацијата дека ќе добијат бебе ја потполни нивната врска до крај – изјави извор близок на Огњен и Мина.
-Нивната врска беше силна и сериозна од првиот ден, па оваа информација беше очекувана. Огњен буквално едвај чека да добие уште едно дете, а Мина со нетрпение чека да стане мајка – вели истиот извор.
Недолго потоа се огласи и самиот Огњен кој ја потврди оваа вест.
-Точно е дека јас и Мина ќе станеме родители! Не планиравме да излезе веста сега, но кога веќе излезе, нема да криеме дека и двајцата сме посреќни од кога било и едвај чекаме да дојде нашето бебе! Ќе има можност да разговараме за се во наредниот период, ви благодариме на разбирањето – изјави Огњен за Пинк.