Белата куќа соопшти дека првата дама на САД Џил Бајден е позитивна на коронавирус, додека тестот на претседателот Џо Бајден бил негативен.
Џил Бајден (72) има благи симптоми и ќе се лекува во семејната куќа во Делавер. Таа беше заразена од Ковид-19 и во август минатата година.
Американскиот претседател се подготвува да отпатува за Индија, каде што викендов ќе учествува на самитот на Г-20 и 80-годишниот Бајден, кој најави дека ќе се кандидира за реизбор следниот ноември, ќе биде подложен на редовни тестови оваа недела и ќе се следат симптомите.
Бајден беше заразен со Ковид-19 во јули минатата година. МИА