Англискиот рагби играч Дени Ципријани (35) во новата автобиографија открива дека спиел со повеќе жени дневно на врвот на својата слава. Тој знаел да спие и со по три жени секој ден – пренесува Daily Mail.
Деталите за неговиот живот треба да бидат објавени на 14 септември.
Во мемоарите „Кој сум јас“, Ципријани вели дека тоа биле порно ѕвезди, актерки, но и девојки кои ги запознавал во кафулиња.
„Бев многу дисциплиниран со тајмингот, едната девојка ќе излезеше од мојата куќа баш на време, кога требаше да се појави следната“, се пофали рагби играчот.
Меѓу бројните партнерки тој ја издвои актерката Линдзи Лохан (37), за која изјави дека е „баш слатка“. Тој има бурно минато со радиската водителка, Кели Брук (43) со која беа во врска во периодот меѓу 2008 и 2010 година. Откако во скутот му танцуваше стриптизерка, дојде до бурна расправија меѓу нив и така Кели ја заврши врската со ципријани.
„Не можев да изразам како се чувствувам бидејќи во себе имав толку многу нешта со кои не знаев да се носам. Чувствував дека тоа беше единствената опција“, призна тој.
Наводно стриптизерката не останала само на ранцување, а тој ѝ открил дека планира да раскине со Кели.
Кели тоа го дознала и нивната кавга дури морале да ја прекинат членовите на обезбедувањето во клубот.
Откако прекинаа, тој патеше по неа некое време. Уште еднаш се обидоа да бидат заедно, но приказната повторно заврши откако таа пронајде пораки од други жени.
Правејќи осврт кон своето минато, Дени призна дека верува оти спиел со многу жени со кои не требало тоа да се случи.
„Ние сме многу помоќни од она што го мислат нашиот ум и нашето тело. Бев многу специфичен во начинот на кој го правев тоа, така што имаше три дена кога бев слободен, еден кога тренирав, а ноќта пред тренинг имав слободна ноќ. Понекогаш“, изјави тој за The Times.