Земјотрес со магнитуда од 3,2 степени во 09:31 часот е регистриран во Благоевградскиот регион, во Бугарија, на 11 километри северозападно од Благоевград. Потресот го почувствуваа и жителите на Делчево и другите населени места во крајниот македонски исток.
Првичните информации се земјотресот е почувствуван се’ до Кочани. Граѓаните сведочат дека потресот траел петнаесетина секунди.