На забава на која требало да се открие полот на бебето на млад пар, авионот, кој требало да открие дали мајката чека момче или девојче, се урна пред гостите, пренесува Дејли Мејл.
Несреќата се случила вчера во Мексико, а во авионската несреќа животот го загубил пилотот Луис Анхел.
Среќниот пар ја прославил својата бременост со семејството и пријателите во Синалоа, Мексико, и најмил мал авион да ги прелета гостите и да фрли розов или син прав за да го покаже полот на нивното бебе.
Кога авионот се приближувал до идните родители, кои стоеле до знакот „О бебе“, испушти розов чад од трупот – навестувајќи дека очекуваат ќерка.
Plane crash during a concert in Mexico. pic.twitter.com/THJSKelEar
— ☠️Panic🎃 (@Panic_x18) September 3, 2023
Додека гостите навиваа, а родителите славеа и се бакнуваа, пилотот наеднаш изгубил контрола над леталото, кое потоа паднало недалеку од местото каде што се одржувала забавата.
Пресреќните родители не ни сфатиле дека пилотот е во неволја и се гледа како добиваат честитки од роднини и пријатели, додека леталото се врти на небото.
Пилотот бил пронајден на местото на несреќата и веднаш бил пренесен во болница, но не можел да се спаси, пренесува телеграф.рс.