Искинати столчиња, столарија лепена па прелепена, инвентар од претходниот век. Тоа е сликата што од канцеларијата на Подрачната единица на Министерството за правда на светот му ја претстави министерот Кренар Лога. За разлика од неговите колеги министри, кои низ слики зборуваат на нова опрема, нови згради и простории и приказни како државата ни блеска, Лога прикажа сосема поинаква слика.
-НЕ Народна, НЕ Социјалистичка, НЕ Северна. Ова е бедна Македонија! Час поскоро во ЕУ за подобар пристап до правдата, напиша Лога.
Во продолжение како изгледа Подрачно одделение на Министерството за правда во Битола:
фото: Министерство за правда