Рон Десантис, гувернерот на Флорида, предупреди дека ќе бидат застрелани оние што ограбуваат по ураганот Идалија!
-Луѓето имаат право да го заштитат својот имот. Тоа е дел од Флорида. Имаме многу адвокати и повеќето од нив го поддржуваат вториот амандман на уставот. Никогаш не знаеш кој е зад вратата, ако упаднеш во нечија куќа за да ограбиш ќе те застрелаат.
Луѓето мора да се бранат себеси и своите семејства – изјави Десантис, кој поради ураганот ја прекина кампањата за републиканската претседателска номинација.
Според последните податоци, две лица загинале во налетот на ураганот Идалија, додека речиси половина милион луѓе на Флорида останале без струја.
Ураганот предизвика поплавен бран, кој во некои области беше висок и до пет метри. Ураганот ослабна до тропска бура и продолжи да се движи над Џорџија и Јужна Каролина, пренесува курир.рс.