Колку често се фаќате како листате низ мобилниот телефон за време или после семеен ручек или додека лежите во кревет со вашиот партнер? Токму овде зборуваме за нова болест на партнерските односи, а името го добила со комбинирање на два англиски збора – мобилен телефон и игнорирање. Како што покажуваат истражувањата, ова е една од водечките причини зошто модерните бракови „умираат“, пренесува мондо.рс.
Додека седите по кафулиња или едноставно поминувате, се почесто можете да ја видите помладата популација, поточно тинејџерите како седат на иста маса и секој од нив гледа во својот телефон. Комуникацијата е сведена на минимум. Но, има сè позрели, фамилијарни луѓе кои не успеваат да се воздржат да „фабување“ на својот партенр. Семејниот терапевт Небојша Савиќ како гостин на ТВ Прва објасни зошто е тоа така. Како што рече на самиот почеток, тоа е проблем кој всушност создава други проблеми и затоа фабингот е опасен.
“Сите живееме со мобилни телефони и тешко ни е да замислиме дека животот постоел без нив. Но, прекумерната употреба на мобилни телефони доведува до губење на блискоста и создавање површни односи. Често слушам од луѓе кои доаѓаат во советувалиштето : Посакувам да ме слуша, без да гледа во телефонот“, објасни психотерапевтот.
Еве шест знаци дека некој подлегнал на фабинг:
Секогаш кога ќе заѕвони телефонот, проверувате кој се јавува и одговарате среде разговор со партнерот
Телефонот е секогаш на дофат, без разлика дали е тоалетот или трпезариската маса
Што и да правите, со кој било, гледате редовно на екранот
Кога лежите до партнерот, телефонот е блиску
Отсутно разговарате со личноста до вас додека пишувате пораки во исто време
Посегнувате по телефонот секогаш кога има пауза во разговорот со партнерот
Се поставува прашањето зошто настанува фабинг. Дали е тоа нарушување на дефицитот на внимание или всушност губиме интерес за нашиот партнер? Психотерапевт објаснува една од причините:
„Постои нов збор, сличен на овој, наречен фомо. Тоа е стравот од пропуштање, а тоа е една од причините зошто луѓето многу ги проверуваат своите мобилни телефони. Со други зборови, тоа е чувство засновано на фактот дека некој друг поминува многу подобро од нас. Постојано ги проверуваме социјалните мрежи од овој страв и несигурност. Тоа може да предизвика сериозни проблеми кај човекот, бидејќи се сомнева дали носи правилни одлуки и има ниска самодоверба“, објаснува семејниот терапевт.
Овој феномен се појавил и постоел уште пред појавата на социјалните мрежи, но сега, со зголемената употреба на технологиите, добива поголемо значење. Исто така, психотерапевтот истакнува дека е многу полесно да се поврзе со луѓето во виртуелниот свет, додека во реалниот свет е многу потешко да се изгради вистинска врска.
Како да ги избегнете стапиците на фабинг?
Различни истражувања за 2021 година покажаа дека просечниот човек поминува четири часа дневно гледајќи во мобилен телефон. Како што забележува и самиот семеен терапевт, многу е погрешно денот да се започне со мобилен телефон. Тој советува да не го внесувате телефонот во спалната соба или да го ставате на дофат и да го започнете денот наутро со прегратка со саканата личност. И токму, две минути нежност, прегратки и бакнежи, придонесуваат многу за поврзување на партнерите. И за крај, не дозволувајте мобилниот телефон да биде „трета личност“ во вашата врска и брак. Исто така, попрво одлучете се за некоја физичка активност со партнерот или за патување во природа, што не само што ќе ве зближи, туку и позитивно ќе влијае на вашето здравје.