Индискиот ровер Прагјан неполн месец шета во областа во близина на лунарниот јужен пол, а веќе ја измери температурата во тој дел од Месечината и го испита составот на почвата и откри неочекувани состојки.
Chandrayaan-3 Mission:
Smile, please📸!
Pragyan Rover clicked an image of Vikram Lander this morning.
The 'image of the mission' was taken by the Navigation Camera onboard the Rover (NavCam).
NavCams for the Chandrayaan-3 Mission are developed by the Laboratory for… pic.twitter.com/Oece2bi6zE
— ISRO (@isro) August 30, 2023
Сега тој се сврте и го фотографираше својот придружник – роверот Викрам, во кој беше за време на историската мисија на Индиската организација за вселенско истражување, објави IFLScience.
-Ве молиме насмевка! Ровер Прагјан го фотографираше модулот Викрам. Фотографијата од мисијата е направена од навигациската камера на роверот. Тие камери се инсталирани во Лабораторијата за електро-оптички системи на ISRO во Бангалор, објави индиската агенција во еден од своите твитови на платформата Х.
Beyond Borders, Across Moonscapes:
India's Majesty knows no bounds!.
Once more, co-traveller Pragyan captures Vikram in a Snap!
This iconic snap was taken today around 11 am IST from about 15 m.
The data from the NavCams is processed by SAC/ISRO, Ahmedabad. pic.twitter.com/n0yvXenfdm
— ISRO (@isro) August 30, 2023
-Роверот се сврте во потрага по побезбедна рута. Ротацијата беше снимена од камерата на модулот за слетување. Се чини како дете да си игра во дворот додека мајката трпеливо и со љубов го гледа. Не е тоа? – изјави ISRO на платформа Х.
Chandrayaan-3 Mission:
The rover was rotated in search of a safe route. The rotation was captured by a Lander Imager Camera.
It feels as though a child is playfully frolicking in the yards of Chandamama, while the mother watches affectionately.
Isn't it?🙂 pic.twitter.com/w5FwFZzDMp
— ISRO (@isro) August 31, 2023
ISRO денеска објави и дека инструментите на роверот го потврдиле она што го откри пред два дена – постоењето на сулфур во почвата.