Репортер од Флорида се најде во ситуација да снема струја додека известувал во живо за ураганот Идалија. Тој известувал од терен додека дождот врнел, а потоа во еден момент снемало струја и тој останал во темница.
Форест Саундерс, известувач од Капитол од државата Флорида, стоеше на улица и пренесуваше новости за невремето од Чифленд, град на околу 25 милји од океанот, кога уличните светла околу него одеднаш почнаа да треперат пред целосно да се изгасат.
One of the best timed live shots I've seen 😟 #HurricaneIdalia #Idalia #poweroutage This is our Capital reporter covering storm conditions in Chiefland. pic.twitter.com/pbfBYQBRmu
— Elizabeth Copeland (@EKCopelandwx) August 30, 2023
„Само што ја изгубивме струјата! Штотуку видовте како снема струја“, може да се слушне како вели Саундерс во видео споделено на платформата Х, порано позната како Твитер.
„Ако не можете да ме видите, извинете, но тоа штотуку се случи“, додава мокриот новинар, пренесува Нова.рс.