Силно невреме пропратено со дожд, силни грмежи и бројни пијавици денеска го зафати Сплит и околината.
Според Хина, засега нема повредени или оштетувања на згради.
По вчерашните пијавици кај Ровињ и Крес, денеска овој редок природен феномен се појави кај Чиово во Хрватска. Пијавица се гледаше од Марјана, Слатина и Каштела и се вртеше околу 10 минути.
Раде Попадиќ од Кромете за хрватската агенција изјавил дека денешниот циклон има одредени карактеристики на екстратропска бура.
-Облаците на тој циклон влијаат на времето во Далмација, а особено интересно беше во сплитското подрачје по 12 часот. Во првите два дена пијавици беа забележани во северниот дел на Јадранот, но средата донесе најмногу пијавици во сплитското водно подрачје. Во сплитско ги имало најмалку десетина, што е невообичаено – вели Попадиќ.
Радарската слика на Државниот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) откри дека облакот над Сплит бил висок дури 12 километри, пренесува Новости.