Уште едно јагленосано тело на маж е пронајдено во шумата во областа Лефкими во Еврос , во Грција, три дена по откривањето на 18-те загинати мигранти, исто така во изгорената шумска област.
Се претпоставува дека и тој е мигрант, бидејќи не бил пријавен за исчезнат. До сега во пожарите, кои беснеат од саботата во областа Лефкими, загинаа 20 луѓе.
Пожарите не стивнуваат, а огромни облаци чад лебдат над голем дел од територијата на Северна Грција.
Работата на гаснењето ја отежнуваат силните ветрови кои постојано го менуваат правецот и го отежнува гаснењето воздух. Во непотврдени информации се споменуваат изгорени куќи, додека во некои населени места пламените јазици стигнаа до дворовите, каде жителите кои останаа да ги заштитат куќите, и се обидуваат да ги спасат имотите од огнот. Има извештаи за штети на продавници и возила. Голема катастрофа е пријавена и во шумата со црн бор, живеалиште од големо значење кое е домаќин на грабливи и ретки видови.
Воздухот во градот Александрополи и понатаму е задушлив со испарувања кои им се закануваат на особено ранливите групи и лицата со респираторни проблеми. Испарувањето и чадот го отежнаа и непреченото одвивање на летовите на аеродромот „Демокритос“. Чадот е особено видлив во Самотраки и Тасос.
Противпожарната служба, пожарот се чини дека избувнал од гром над Мелиа по невремето кое избувна претходно во вечерните часови и започна со мали пожари кои повторно се разгореа и се проширија утрото поради силниот ветер.
Пожарникарите упатија апел за помош од страна на волонтери, но бараат и материјали како кислородни маски, заштитни очила, крема за изгореници, влажни марамчиња, капки за очи и сл. Засега помош со екипи и опрема стигнува од повеќе европски земји, вклучително и помош со воздухоплови, кои огнот го гласат од воздух. Во затегнатите грчко – албански односи, Грција ја одби помошта од Албанија и покрај тоа што албанските екипи подготвено чекаа до границата за да бидат повикани.
Министерството за одбрана на Албанија, по негативниот одговор соопшти дека Албанија одговорила на грчкото барање за помош испратено до Европскиот механизам за цивилна заштита.
Група од 58 војници и 10 возила од вооружените сили и другите оперативни структури на албанскиот систем за цивилна одбрана, поконкретно, противпожарните бригади на општина Колица, Дрополис, Малиќ и Аргирокастро беа распоредени во пограничните области (Какавија – Кристалопиги), во очекување на одговорот на Грција, за да им се помогне на грчките колеги.
Грчките власти преку Европскиот механизам за цивилна заштита одговорија дека повеќе не им е потребна копнената помош од албанските единици бидејќи ги покриваат други земји.
Грција ја активираше Коперник – Службата за управување со вонредни состојби на Европската Унија.
Според податоците објавени вчера од Европската опсерваторија за шумски пожари повеќе од 1,2 милиони хектари шума се претворени во пепел во земјата од почетокот на сезоната на пожари од 1 мај до 23 август. Ова е рекордно најголема територија зафатена од пожари во последните неколку години.
Како што наведува сервисот на својата страница на Твитер, пожарот во Еврос е „најголемиот забележан на европско тло во последните години“.
Опсерваторијата конкретно се споменува дека опожарената површина „соодветствува на приближно трипати повеќе од површината што во просек годишно гори во земјава“. Опсерваторијата, всушност, истакнува дека сега е можно 2023 година да биде најлошата година во последните 17 години, по 2007 година, кога се случија катастрофалните пожари со изгорени 2,7 милиони хектари.
фото: Радио Еврос, Пожарникари Еврос
извор: грчки медиуми