На денешната прес конференција пред поликлиниката „Јане Сандански“, министерот за здравство Фатмир Меџити на крајот одговараше на прашања на огорчена пензионерка, која како и многу други, има проблем со доцнењето на ленти.
Пензионерката го начека министерот, за да му се пожали за проблемите то ги имаат пациентите со лековите.
-Ти си министер за здравство? А ленти кога ќе добиеме ние што сме со еден бубрег? Кога? Јас 12.500 пензија зимам, две ребра имам извадено од рак, четири пати бешиката сум ја оперирала од рак, бубрег имам извадено, два пати сум оперирана, имам болна тироидна… Живеам тука во пензионерскиот дом, не сум нажена поради болести, се разболев многу млада, и сега купувам ленти, а имам и ретка системска болест. И една нега никаква земам 4.200 денари. Немам фамилија, ми умреа, имам само стара сестра. Болеста ме потекува, шекер имам, се боцкам три пати, му рече рафално пензионерката, очекувајчи помош од него.
Меџити, пак, и се извини и се обиде да ја утеши:
– Лентите брзо ќе ги добиете. Има ленти, се извинувам што доцнеа. Но, со сите тие дијагнози морам да ви кажам дека добро изгледате. Ќе има ленти, но ќе ве уверам дека понатаму нема да има доцнење на лекови, рече Меџити и ја посоветува:
-Да ги слушаш лекарите и да се движиш, само не кога е многу топло. од 10 до 18 часот. Внимвајте, во ова време не излегувајте. Со помин нека е, и рече Меџити на крај.