Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, загина во авионска несреќа. Aвионот со патници се урна во северните предградија на Москва.
Меѓу загинатите патници е и Кристина Распопова (39), која работела како стјуардеса.
39-year-old air stewardess Kristina Raspopova was the only woman to be killed on Prigozhin’s plane.
She was the sister of Yevgeny Raspopov, a Deputy Prosecutor in the Chelyabinsk Region. pic.twitter.com/3UorEKos3k
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 23, 2023
Покрај тоа што беше стјуардеса, таа имала и многу интересна политичка позадина. Таа е сестра на Евгениј Распопов, заменик-главниот обвинител на регионот Чељабинск, кој се наоѓа во азискиот дел на Русија.
На социјалните мрежи се појави последната фотографија од несреќната жена која е направена непосредно пред падот на авионот. Таа објави слика на која се гледа куфер и појадок.
Во моментот на смртта имала 39 години. Се вработила во компанијата МНТ Аеро, работејќи со договор, а била задолжена за приватни летови. Непосредно пред падот на авионот, таа наводно му се пожалила на семејството за доцнењето на летот.
Кога решила да стане независна, таа наводно се преселила од Казахстан во Москва.
“Таа отиде во Москва за да ги оствари своите соништа. Имаше силен карактер, беше многу амбициозна”, изјавила личност која ја познавала, која сакала да остане анонимна, пренесува курир.рс.