Признавам дека го убив брат ми, но мислам дека тоа не беше на суров начин, или тој ќе ме убиеше мене или јас него. Иако беше многу помал, брат ми цел живот ме малтретираше. Поради него си ги пресеков вените, се обидов да се обесам, испив киселина и три пати се обидов да се отрујам. Беше ментално болен, полош од мене, навлечен на метадон. Тој ден ми падна темница на очи.
Вака вчера пред Вишиот суд во Ниш се бранеше Владимир Вациќ (47), кој е обвинет дека со секира го убил својот брат Бобан Вациќ (52) во семејната куќа во Ниш. Во истрагата вештакот утврдил дека Владимир не го извршил кривичното дело убиство во здрава состојба, па Вишото јавно обвинителство предложило да му се изрече задолжителен притвор и лекување во психијатриска установа. Инаку, Вациќ на судењето бил донесен од Специјалната затворска болница во Белград, пренесува новости.рс.
Тој пред судот кажал дека кобниот ден на се му претходела расправија, поради што брат му ги скршил телевизорот и мобилниот телефон и му ја одзел целата храна.
-Тоа утро станав околу 11 и отидов да земам појадок и леб. Кога дојдов дома, брат ми ме праша каде сум досега, дека ме чека од седум часот. Ми рече да одам да му купам бурек, а јас му реков дека ме мрзи пак пак да се враќам. Потоа почна да вика и да ме навредува. Ми велеше: „Топоничару, ќе те вратам таму никогаш да не излезеш, јас те издржувам, а ти така“ и уште попогрдни работи. Потоа се качи на мојот кат и ми го скрши телевизорот со тупаница, а мојот мобилен телефон го тресна од земја. Кога излезе, пуштив музика за да се смирам малку. Потоа тргнав да излегувам од дома, да одам да се опијам и ја видов секирата покрај скалите. Следно што се сеќавам е дека и се јавив на тетка ми да повика полиција – изјави Владимир.
Вациќ вели дека не се сеќава на моментот кога го убил својот брат, но дека знае дека насекаде имало крв.
-Следно на што се сеќавам е дека отидов кај тетка ми која живее во куќата до нашата и и реков: „Го убив Бобан, повикај полиција“. Претходно се лекував во психијатриска болница, прво на Институтот, а потоа од 2000 година во Топоница. Непосредно пред Нова година, брат ми ме „извади“ од таму и ме донесе дома, само за да си ја намали казната, бидејќи бил уапсен поради дрога – изјавил Вачиќ.