Очите на светот се вперени кон Индија! Вселенското летало Чандрајан 3 треба да ја приземји својата сонда Викрам на јужниот пол на Месечината во 14:34 часот по локално време, а тоа значи дека остануваат уште околу половина час.
Една од главните цели на мисијата е да лови мраз, што според научниците би можело да овозможи создавање на човечка колонија на Месечината, наведува Би-Би-Си.
Ако Чандрајан-3 биде успешен, Индија ќе стане само четвртата земја која постигнала меко слетување на Месечината. Јужниот пол на Месечината има особено ветување во потрагата по воден мраз. Областа што таму останува во постојана сенка е огромна, а научниците велат дека тоа значи дека постои можност таму да има вода.
Следете го овој светски настан во живо: