На само 43 години, Шерон Стоун доживеа мозочен удар кој го стави нејзиниот живот во опасност. И покрај предизвиците, Шерон целосно се опорави и сега се грижи за своето здравје подобро од кога било. Откријте кои пет навики во исхраната ги има Шерон Стоун за да биде полна со живот!
Не јадете преработена храна
Сите знаеме дека преработената храна воопшто не е здрава, но кој не греши од време на време? Шерон Стоун се држи подалеку од преработената храна која содржи многу дополнителни состојки, вишок шеќери, масти и натриум. Дури и ако се работи за вкусни намирници, како што е чипсот или брзата храна, тие немаат есенцијални хранливи материи и предизвикуваат повеќе штета отколку корист.
Таа сака зеленчук готвен на пареа
Зеленчукот е полн со влакна и здрави витамини кои му се потребни на нашето тело, а Шерон Стоун тоа го знае. Таа обожава зеленчук готвен на пареа и редовно го јаде со лосос или пилешко. Освен тоа, зеленчукот има ниска содржина на калории, но сепак придонесува за ситост. Конзумирањето зеленчук е неопходно кога сакате да ослабнете, независно дали го јадете сиров, сварен или подготвен на скара. Доколку се одлучите за свежа салата бидете внимателни со преливите, бидејќи може да имаат шеќер и премногу калории. Одлучете се за што поедноставен прелив од маслиново масло и оцет.
На нејзиното мени секогаш има јајца
Јајцата се важен извор на протеини. Шерон Стоун ги вклучува во својата исхрана во комбинација со месо, риба и сирење. Јајцата содржат есенцијални хранливи материи како што се витамин Д, витамин Б12, антиоксиданси, лутеин и фолна киселина. Исто така, тие се неопходни за развој и оптимално функционирање на мозокот.
Не го прескокнуваат појадокот
Без оглед колку е зафатена, Шерон Стоун знае дека појадокот е најважниот оброк во денот. Здравиот и избалансиран појадок ви помага да го контролирате апетитот и ви дава енергија за почеток на денот. Актерката вообичаено јаде свеж појадок, кој се состои од салата од лубеница, фета сирење и нане, зачинета со маслиново масло, сол и бибер.
Не пиe алкохол
Шерон стоун забележала значајна разлика во нејзината физичка форма кога престанала да пие. Алкохолот има значителен број калории, но сепак не обезбедува никакви хранливи материи. Редовната конзумација на алкохол може да доведе до зголемување на телесната тежина. Исто така, алкохолот предизвикува дехидрација и ширење на кожата.