Осум дена по ужасниот масакр што го изврши монструмот Нермин Сулејмановиќ во Градачац, истражителите ги склопуваат коцките.
Клучот е неговиот мобилен телефон, пишува Аваз.
Меѓутоа, што е тоа во еден човек да прави такви ѕверства без тронка емпатија за своите жртви?
Што го натера ладнокрвно да ја убие невенчаната сопруга Низама, сето тоа да го сними во живо на Инстаграм, да го стави своето дете, деветмесечно бебе, во локва крв, да ги убие татко и син и ладнокрвно да вози до фармата во Леденица Доња?
Покрај дебелото криминално досие и карактерот на локалниот шериф на место каде што секој мора да му се трга од патот и да му дава приоритет во се, а што секако бил и Сулејмановиќ, лекарската фела истакнува дека стероидите и анаболиците што ги конзумирал влијаеле на поттикнување прекумерна агресија. .
-Невозможно е да има такви мускули без употреба на тие супстанции, односно прекумерна употреба. Нивниот резултат меѓу другото е агресија. Никогаш не можете да ги направите тие мускули без прекумерна употреба на стероиди и анаболици. На пример, ако дозата е 0,2 милиграми, земаат по 10 или 15 милиграми за да бидат што поголеми, што подобри, а резултатот од тоа е што влијае на мозокот. Додадете го на тоа неговото минато, кој не е дечко од библиотека, туку силеџија и криминалец, ќе добиете стопроцентен психопат – вели соговорникот на „Аваза“.