Кај нас, но и во регионот, имаме многу локални интереси, чија визија за тоа како треба да изгледа општестото, се поклопува со визијата на разни аторитарни режими. На овие сили кои им одговара нашите општества да бидат расцепкани, разделени, подложни на влијанијата од страна, а не дел од еден систем кој го градиме со други демократски држави со вредности. Вака во емисијата „Стадион“ на Канал 77 го опиша милјето на порозноста на системот и влијанието на дезинформациите Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси од Фондацијата Метаморфозис, која спроведува програма за борба против дезинформациите и странските влијанија.
Според Стојановски, тој наратив е многу штетен, бидејќи дава можност за бескрајно одложување на решенијата, а истоврено дава илузија дека нешто ќе се поправи.
-За жал, во тоа веруваат голем дел од гласачите на тие политички сили, а тоа е основа на популистичката пропаганда, која ја имаме во последните 10-15 години. Пример, Путин и неговот систем се еден модел, којшто на разни нивоа го имитираат низа други мали „Путновици“ или луѓе кои би сакале да го воведат нивото на контрола каква што Путин ја има врз руското општество, со цел да се убие желбата за подобро утро. Значи, поентата на популизмот е да се убедат луѓето дека никакво подобрување не е возможно и не вреди ни да се работи за подобрување на состојбите, туку треба да се молчи и да наведнат главите, да се вклопат во системот во кој една партија или диктататор е оној од кој зависи се’ во државата. Да му бидат негови слуги и тоа е начин да си го подобрат барем економскиот комодитет, додека за друго не треба да ги интересира, рече Филип Стојановски.
Од тоа, како што вели Стојановски, потоа произлегуваат дезинформации и разни политики и пропаганди, кои се базираат на зголемување на поделбите или користење на разни состојби во општеството, за да се создадат уште поголеми расцепи.
-Кај нас и на Балканот тоа се прави преку трансформација на дезинформациите во говор на омраза и во ширење на пропаганда против вредностите на нашето општество, како мултиетничко општество, рече Стојановски.
Метаморфозис објави регионално истражување насловено „Геополитичките перспективи на текот на дезинформациите во Западен Балкан“. Стојановски објасни дека во истражувањето тргнале од тоа дека сите тие држави како стратешка цел имат влегување во ЕУ.
-Внатре во сите овие земји има сили против ЕУ, особено коруптивни сили, на кои не им одговара да се воспостави системот кој го бара ЕУ, а кој доведува до намалување на контрола на системот на злоупотреба на парите. Гледаме и дека има поглемо ниво на влијание и сега, пред земјите да влезат во ЕУ, кажа Стојановски.
Погледнете во видеото: