Бритни Спирс и Сем Ашгари се разведуваат после 14 месеци брак. Причината за тоа, едноставно е нејзиното неверство – пишуваат странските медиуми. Тренерот во средата поднел барање за развод од музичката ѕвезда, само неколку часа откако се појавија вестите за нивната разделба.
Ашгари наводно навел дека постојат „непомирливи разлики“ и исто така, бара ѕвездата да плати за неговото издржување, но и да ги покрие трошоците за адвокатските хонорари. Интересно е тоа што како датум на нивната разделба тој го наведува 28 јули.
Како што пренесуваат медиумите, тие имале физички и вербален конфликт, откако Ашгари дознал дека Бритни наводно го изневерува.
Се чини дека таа никако нема среќа со мажите. Познато е дека пејачката не беше во добра ментална состојба и дека со години беше на лечење, а многумина како виновник за нејзината состојба го сметаат нејзиниот татко кој цело време управуваше со нејзиниот имот.
Во последно време, Бритни Спирс не престанува да ја шокира јавноста со своите постапки. Имено, неретко се случува пејачката на својот Инстаграм профил да објави фотографии на кои е гола, како и видео снимки на кои изгледа целосно дезориентирано.
Тоа пак, доведе до низа коментари. Луѓето веруваат дека таа е во уште полоша состојба и дека семејството ја уништува за да може да ужива во нејзиното богатство.
„Чесен суде, мојот татко и сите останати кои биле соучесници во контролата над мојот живот, вклучувајќи го и менаџерскиот тим, би требали да биде во затвор“, изјави Бритни на судењето пред неколку години.
Нејзините изјави укажуваат на тоа дека семејството материјално ја искористувало за да ја злоупотреби нејзината ментална состојба. При една прилика таа истакна дека е во лоши односи со поранешниот сопруг Кевин федерлајн, кој цело време зборуваше дека таа не е добра мајка и дека се дрогира.
Неодамна и нејзините синови изјавија дека таа се дрогира, што секако ја погоди пејачката со оглед на тоа дека и тие ѝ го свртеа грбот.
Кога сите помислија дека таа излегла од „тунелот“, односно дека изгградила односи со семејството, најблиските ѝ свртеа грб па дури и сопругот кој ѝ беше единствената светла точка.