Лепа Лукиќ зад себе има 60 години долга музичка кариера, а во текот на годините таа има одбиено бакшиши од чија сума би ви се свртело во глава.
Пејачката објасни и зошто таа и нејзините колешки го криеле бакшишот во градите.
„Па тука, но и во гаќите“, изјави пејачката во едно интервју.
„А зошто баш таму каде што најмногу се фаќа“, праша водителот.
„Не се фаќа додека не дозволиш да те фаќаат. А кога ќе дозволам, тогаш гаќите не се ни потребни, тогаш паѓаат и парите и сѐ“, се пошегува таа во студиото.
Сепак, таа призна дека мажите од нејзината професионална област никогаш не ја интересирале.
-Никогаш не ја сакав таа бранша, знам како јаде, како спие…Јас сакав обични луѓе, никогаш не барав некој со голем буџет, да има нешто или да е бизнисмен. Имав еден, бев седум години со него. Мене ми одговараше, но на мојата мајка не ѝ се допаѓаше. „Не ми е убав“, ми велеше таа. Јас ѝ реков дека мене ми е убав. Таа ме праша да ѝ кажам што е убаво кај него, а јас кажав дека е убаво сѐ штом сме заедно седум години. Таа ми одговори „гледам дека не е сѐ убаво, освен една работа“, па си реков можеби е тоа во прашање – раскажа Лепа.