Владета Јеротиќ отворено и едноставно зборуваше на теми кои се интересни за сите возрасти и кои и ден денес се актуелни. За машко-женските односи, за ситуациите во спалните соби, тој зборуваше при edno спонтано обраќање до посетителите на Музејот на книгите, пренесува Ordinacija.tv.
Јеротиќ тврди дека постојат четири видови љубов:
Духовна
Интелектуална
Емотивна и
Физичка љубов
Познато е неговото тврдење дека детето не може да се развие убаво ако мажот и жената, односно таткото и мајката не се сакаат.
„Прво се буниме против родителите, а кога ќе добиеме деца, ние ги правиме истите грешки. Нема идеални родители, но пред сѐ грешат мажот и жената. Во еден брак, односнот не може да биде ист за 20, 30 или 50 години. И не треба да биде ист. Ниту еден брак не е идеален. Него го сочинуваат четири компоненти (четирите видови љубов), но штом една од нив ќе попушти, веднаш негувајте ја другата“, порача тој и додаде:
-Вие жените, особено после педесеттата година немате веќе хормони. Сексот малку ги интересира, а не треба да биде така. Замислете маж на 50 години, полн со сила и кога ќе има 70 години, сѐ уште му е се на место. Ако една жена која има над 50 години, сѐ уште го сака мажот, таа ќе излезе во пресрет. Бидејќи кога потоа тој ќе најде друга и помлада, жената ќе биде љубоморна. Имав пациентки кои не беа љубоморни па ми велеа – „барем мене ме насмеа на мир“.
Тој ги искритикува мажите кои често се себични и мислат само на себе во сексот.
„Машкиот секс не е ист како женскиот. Жените имаат овулација, менструација, разликите не се мали. Мажите можат да го прават тоа секој ден. Но жената има денови кога не може“.
Според Јеротиќ, на жените им треба нежност и треба да им се посвети внимание.
„Овие наши мажи не прават ништо од тоа. Пациентките ми имаат кажувано дека има нежност, тоа трае долго, па потоа следува сексот. Тоа е вистински секс“, раскажа тој.