Зашто Беким Сали има страв од вистината? Зошто Беким Сали на прес конференција ја лажеше целата јавност? Дали на тој начин сака да прикрие дека тој всушност 8 месеци не постапувал по случајот и се обидува да ја префрли вината на друг?
Ова се прашањата содржани во соопштението од Министерство за здравство по вчерашната прес конференција на екс министерот Беким Сали, во врска со пожарот во модуларната болица во тетово.
Во соппштението понатму се вели:
-Дали Беким Сали знае кој бил министер кога се случил пожарот и кој ги водел постапките за набавка на амбулантите или зошто се плаши да им ги спомене имињата на оние кои тогаш биле на функција? Зошто и каков интерес има да ја извртува вистината и да ги штити претходниците? Беким Сали се плаши да каже која е компанијата која ги има изградено модуларните амбуланти?
Според документите во Министерството за Здравство, целосна лага е она што го изнесе Сали на прес конференцијата во која тврди дека го раскинал договорот со изведувачот. Напротив, Сали не само што не го раскинал договорот, туку ги примил амбулантите со што практично одобрил нивна исплата.
-Досега од анализата на внатрешните документи, се гледа дека Сали НИКОГАШ НЕ ГО РАСКИНАЛ ДОГОВОРОТ, ги примил и одобрил амбулантите со што автоматски одобрил и исплата, а потоа решил да не плаќа со што генерирал долг и камата од 200.000 евра за граѓаните. Тој лично е одговорен за ова и за ова треба да сноси одговорност. Министерството ги анализира правните можности да покрене постапка против Сали за овој случај.
-Министерството за здравство и министерот Меџити остануваат транспарентни по овој случај и во целосна коориднација и на располагање на институциите. Наш интерес е да се расчисти овој случај и процесира секој кој на било кој начин е одговорен за пожарот во тетовската модуларна болница. Сите документи кои досега беа доставени на барање на институциите, уште еднаш ги доставуваме до нив, односно до Обвинителството за организиран криминал и МВР и секако oстануваме отворени за соработка со нив. Потсетуваме дека ниту еден денар не е исплатен за модуларните болници досега и постапката за решавање на овој предмет е во Владата, како мислењата од правобранителство, внатрешната ревизија и сите пропратни документи.
Потпретседателот на Алтернатива и поранешен министер за здравство, Беким Сали, контра Меџити, се огласи на Фејсбук и смета дека неодамнешните критики околу трагичниот инцидент на модуларната амбуланта во Тетово бараат јасен и одговорен одговор од актуелниот министер за здравство Фатмир Меџити.
-Тој наместо да се занимава со суштинското прашање зошто ивршиле исплата на компанијата „Брако“ за несреќната модуларна амбуланта во Тетово, го насочува вниманието кон периферните работи, со очаен обид да ја тргне одговорноста од себе. Факт е дека јас како поранешен министер за здравство прифатив прием и предавање на модуларните амбуланти во Ѓорче Петров, Бутел и Лисиче, но овие амбуланти беа подложени на ригорозни процеси за проверка на квалитетот под мој надзор за да ги заштитам. Но, главна информација за него и за јавноста е дека се воздржав од било какви плаќања кон фирмата „Брако“ поради тековните истражни постапки од страна на обвинителството и утврдувањето на неправилности од внатрешната ревизија“, објаснува Сали.
„Ревизијата беше готова неколку недели пред моето разрешување, а судскиот епилог веќе во времето на министерување на Фатмир Меџити. Како и тој сам тврди, последниот прием и предавање на крајниот корисник, Здравствен Дом Скопје, на гореспоменатиот објект сум го овозможил ден пред моето разрешување. Да не бев сигурен во одлуката, имав можност да ја избегнам“, вели екс министерот.
Според Сали дали би можел Меџити да одговори јавно, имајќи пред себе извештај од ревизија која укажува на неправилности и судски процес кој што е во тек, како успеал да се мотивира за да побара исплата за таа фирма без да се расчистат овие околности?! Не само што е од суштинско значење да се разбере зошто се извршени овие плаќања за модуларните амбуланти во Тетово, туку и дали тој и неговата партија извлекле несоодветна корист од таквите трансакции?! Транспарентноста и отчетноста во ова прашање се императив за да се обезбеди довербата на јавноста во активностите на владата“, прашува Сали.
Според него Меџити вчера зборуваше за долг кој што треба да го плаќаат граѓаните.
Според неговите тврдења, како резултат на нереализирана исплатата граѓаните се должни кон „Брако“. Истиот тој Меџити, кој завчера како реакција од истражувањето на ИРЛ, се бранеше дека не исплатил ниту еден денар а веќе е во 9-от месец од својот мандат. Понатаму, бидејќи министерот води евиденција за мојата работа, сакам да му укажам дека мојата посветеност за подобрување на здравствениот сектор останува евидентна преку опипливи достигнувања. Клиничката болница во Тетово и Универзитетот во Тетово можат да потврдат за чекорите што ги направивме за време на мојот мандат. Инициравме и реализиравме проекти од опремување на сите болници, исправка на позитивната листа на лекови по повеќе од една деценија запоставување. Овие проекти сами по себе доволно зборуваат за нашата посветеност за унапредување на здравствениот систем и за подобрување на здравјето на граѓаните. После ова се наметнува прашањето дали Фатмир Меџити во своето портфолио има барем 2 проекти кои се негови, ама лично негови, или сеуште за неговата неспособност му е крив „поранешниот министер“?! Министре, оставете ги веледрогериете и системот Соравиа и позанимавајте се малку со работа! Верувам, во тој случај дека би можеле нешто да постигнете. Но, најважно од се, министре, е да се осврнете на централното прашање, наместо да го заобиколите прашањето – трагичната загуба на животи и распределбата на јавните средства не бараат ништо помалку од сеопфатен и директен одговор“, се вели во Фејсбук објавата на Сали.