Регионалниот ЦУК Тетово, известува дека на 06.08.2023г околу пет часот од 112 била добиена информација за исчезнато лице од селото Теново во Општина Брвеница.
-На 15.08.2023 година потрага се одвиваше цел ден. Во координација на раководителот на РЦУК Тетово беа вклучени 25 полициски службеници кои ги пребаруваат нивите, а и коритото покрај реката Вардар. Два војника од Армијата (АРСМ) со едно куче од армискиот Центар за обука и дресура за кучиња (ЦОДК) го пребаруваа планинскиот дел на село Теново од 9- 12:10 часот, заедно со еден вработен од ДЗС Тетово и еден вработен од Општина Брвеница, информираат од ЦУК.
Според информциите од ЦУК фрлените вреќи со облека во облик на човечко тело во водата на Вардар за момент дале надеж дека исчезнатиот е пронајден.
-Конкретно, во 10 часот се препоставуваше дека изчезнатиот е пронајден во Реката Вардар во селото Радиовце, но тоа беше лажна трага, бидејќи по влегувње на нуркачите од ТППЕ Тетово беше утврдено дека не е изчезнатиот, туку дека тоа биле вреќи со алишта коишто во водата изгледале како човечко тело во облека. До крајот на денот, при потрагата не беше пронајдено исчезнатото лице. Се планира потрагата да продолжи во наредните денови, се вели во соопштението од ЦУК.