Денес Комисијата за здравство имала состанок во проширен состав, а по завршување на состанокот беа изнесени заклучоците, кои проф. д-р Александар Петличковски ги пренесе на средба со новинарите.
-Нема место за паника. Се работи за болест, за која и ние важиме како ендемско подрачје. Што значи дека болеста е присутна, вирусот е присутен што е потврдено од Факултетот за ветерина. Она со што можеме да делуваме се мерки, главно превентивни. Убаво информирање на населението и здравствените работници. Брзо испраќање на сомнутелните случаи. Тестови за оваа болест има доволно, дополнителна количина е нарачана и се очекува да стаса. Терапијата која е со некаков ефект е достапна. Колку што може да биде спремна една држава сме спремни. Нема потреба од плашење и паника. Не е болест која се пренесува лесно. Само по пат на каснување од крлеж, кој е заразен. А не е секој крлеж заразен, затоа кога ќе излегуваат треба да бидат заштитени, рече Петличковски и додаде:
Веќе денес од Влада ќе се бара организирање акциски план, проценка на тоа колку често ги има крлежите во регионите и таму кај што ги има да се направи дезинсекција, рече Петличковски.
Тој рече дека од оние кои ќе се заразат, значаен процент може да имаат фатален исход, но има различни генотипови.
-Ние откриваме дека животните се изложени на вирусот постојано, биле во контак, но немаме информации за хоспитализирани. Тоа значи дека ворусот е тука, но е блага варијанта која циркулира низ стоката. Затоа и една од препораките е да направиме типизирање, кажа тој.
Болничарката е во добра состојба, се очекува комплетно опоравување. Рибарот е во добра состојба, но има уште неколку дена во кои може да се случи промена, но терапијата е тука, рече тој на крајот.