Неда Украден веќе со децении летува во семејниот дом во гратчето Лепетани во Которскиот залив. Таа имаше понуда за да ја продаде куќата, но сепак го одби тоа и како што вели, не се кае. Српски Курир имаше интервју со пејачката, која откри како ги поминува слободните денови ова лето.
-Уживам овде на одмор во нашата куќа која ни е летна адреса повеќе од 40 години. Кога паузирам со одморот, малку одам и до дестинациите каде што пејам. Така што во летото ми е и за работа и за забава.Кога имате куќа, секогаш има многу работа. Секогаш има некакво реновирање, а и растенијата мора да се одржуваат. Сега на ред се плочките во дворот. Јас во тоа уживам. За мене тоа е активен одмор. За мене оваа куќа е повеќе од недвижнина. Во ова место е родено целото семејство на мојот поранешен сопруг. Тој ме донесе тука во седумдесеттите и веднаш се заљубив. Мојата Јелена е навистина заљубена во ова место. Сфатив дека со продажбата на оваа куќа би ги лишила своите внуци од преубави моменти.
Дали некогаш подобро се живееше од пеењето?
-Порано од изведувачките и авторски права се живееше извонредно. Од плочата „Зора је сфанула“ направив куќа. Од плочата на која беше песната „Боли, боли“ во 1987 купив стан во Белград. Тоа го постигнав само од приходите кои ми ги исплатија дискографските куќи.