Младата Месечина во знакот на Лав е драматична и овозможува нови, продуктивни почетоци во љубовта, но и на работа. Средината на август ни нуди втора шанса, може да почнеме нови животни проекти во кои ќе бидеме свесни за себе и своите квалитети.
Астролозите истакнуваат дека периодот од 16 август до 15 септември ќе биде исклучително динамичен период бидејќи шест планети ќе биде во ретроградно движење, а кога ќе се појави млада Месечина во знакот на Лав, тогаш се случуваат особено интензивни промени. Со самото тоа, ќе бидеме поттикнати нашите лоши навики да ги претвориме во продуктивни.
Можеме ли да го направиме тоа?
Млада Месечина во Лав и љубов
Јасно е дека на љубовен план ќе се случи двоумење во однос на тоа дали на стариот партнер треба да му дадеме нова шанса, дали врската во која сме е стабилна, што всушност сакаме… Мораме нешто да промениме, а не знаеме како точно да го направиме тоа, што пак води кон длабока фрустрација.
Најдобар совет е да молчите, да го слушате партнерот и да се обидете да се поддржите еден со друг на патот кон успехот. Кога Месечината е во стабилен знак како што е Лавот, заедно се стремиме кон стабилност и јасно дефинирани односи. Овој пат, поради транзитот на другите планети фокусот ќе биде на нас наместо на опкружувањето, ќе се запрашаме што навистина сакаме и ќе поставиме цели за следните години.
Во текот на август многу парови ќе добијат жеба за дете, а многумина кои се разделиле во претходниот период, би можеле да сфатат дека им е потребен одмор и ќе работат на тоа да се смират.
Наместо да бидеме очајни, време е да почнеме повеќе да се залагаме за самите себе.
Како да ја искористите енергијата на младата Месечина во Лав за личен напредок?
Младата Месечина во овој знак ќе ве поврзе со личноста кон која имате искрени чувства, ќе ви даде шанса на поинтензивен и поконкретен начин да почнете одредени врски. На вас останува да ја препознаете енергијата и да ги искористите предностите на овој транзит.
Освен подобрување на односите, ова е период кога може да работите на личниот напред. Дали постои нешто што сакате да го направите веќе подолго време, а не наоѓате време за таквата активност? Ова е знак дека треба да почнете!
Како да ја искористите енергијата на младата Месечина во Лав за деловни активности?
Младата Месечина во знакот на Лав во нас буди желба за добар материјален статус, лидерски позиции и формирање на сопствена работа. Размислете за тоа како би можеле да создадете пари од вашето сопствено знаење? Како можете дополнително да придонесете во домашниот буџет?
Мораме да имаме на ум дека ретроградните планети може да влијаат на нас така што ќе се впуштаме во ситни деловни проблеми, ќе се изнервираме на некој деловен состанок или ќе се изненадиме од некои коментари на кои претходно не сме реагирале. Поради сето ова, на крајот на денот ќе се чувствуваме лошо и уморно. Затоа, потребно е да се фокусираме на себе и на проектите кои би можеле да ни донесат светла иднина.
Бидете фокусирани на продуктивната комуникација, а кога ќе ви се укаже прилика, претставете ги своите креативни решенија и идеи. Опкружувањето тоа ќе го препознае и во следниот период навистина ќе можете да профитирате.