Во саботата на Инфективаната клиника бил донесен нов случај на конго-кримска хеморагична треска од велешката болница.
Ова го кажа денес директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ, кој понатаму додаде:
-Од велешката болница е донесен суспекен пациент од конго-кримска болест,а во текот на вечерта дијагнозата е потврдена. Во добра општа состојба е, се жалел на пет дена на покачена температура, главоболка, мускулни болки, поради кои и побарал помош. Лабораториските анализи беа со намалени тромбоцити, но со редовна комнсултација со колегите од Трансфузиологија, денес наодите се уредни. Тоа не значи дека нема да имаме развој на болеста, се надеваме поголем од претходната пациентка. Човекот е од велешката околина, а можниот начин на зараза е рибарењето покрај Вардар каде има доста влага, непроодна трева и високи трња. Тоа е една од опциите. Сите институции се вклучни во следење на конго-кримската болест и во текот на вечерта ќе имаме испитувања и утре комисијата да ги разгледа сите детали за појава на оваа болест после толку време, рече Стевановиќ.
На прашањето дали и овој пациент бил каснат од крлеж, Стевановиќ рече:
-Не станува збор за каснување крлеж, да болеста ја пренесува крлеж, но може да биде пренесена и од нетретирано млеко и месо од заразени животни. Се заразуваат медицински лица, сточари, рибари, оние кои ги колат животните. Овој пациент не дава податок дека го каснал крлеж, а има рана која може да биде од крлеж. Но, самиот не е свесен дека бил каснат, додаде Стевановиќ, а кажа и дека целокупниот здравствен систем во државата е активиран.
Стевановиќ рече дека се под лекарски надзор и неговите контакти.
-Во однос на контактите епидемиолозите веќе имаат направено анкетни листови и лоцирано контакти. И покрај неговото четиричлено семејство и петорица колеги од велешката болница се под медицински надзор. Пред нас е време кое треба да го следиме. Со оглед на тоа дека е топло, лугето се во природа, треба да бидат предострожни, да носат високи чизми, чорапи, а тоа се рибари, планинари, сточари, ловџии, а претпазливи се и здравствените работници и да не го забораваат протоколот за заштита, кажа Стевановиќ.
Стевановиќ рече дека болничарката, која беше инфицирана е стабила и не очекуваат компликации. Нејзиното опоравувањето е во тек.