Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски преку социјалните мрежи ја информира јавноста дека се повлекува од националниот тим.
Во објаснувањето на оваа одлука, Ристовски како причина ги наведе нарушените односи со селекторот Благоја Милевски.
– За доброто на репрезентацијата во наредниот период сакам да се повлечам. За македонската фудбалска репрезентација секиогаш сум играл и сум се борел со цело срце, искреност и љубов И покрај тоа гледам дека во репрезентацијата работите одат во погрешна насока, тоа го покажуваат резултатите. Односот со сегашниот селектор не е во најдобар ред и тоа му било предочено од моја страна, стои во дел од објавата на Ристовски.
Ристовски за капитен на репрезентацијата беше поставен по повлекувањето од националниот тим на Горан Пандев.