Јелена Карлеуша по 10 години конечно го објави албумот „Алфа“ и повторно успеа да предизвика бура на интернет, особено со спотот за песната “Karly b*tch”, во кој се „појавува“ и Кање Вест.
За само неколку часа од појавувањето албумот крена голема фама и како што секогаш бива, коментарите се поделени. некои ја критикуваат, други ја фалат. Коментарите се движат од тоа дека е светска ѕвезда, до тоа дека било кој друг би можел да и направи поубави песни.
Карлеуша во споот од минута во минута ја менува гардероба, и на секоја наредна сцена е се погола и побрутална.
Слушнете го и дуетот со Милица Павловиќ, кој долго време се чуваше во тајност: